Јанкулоски до Шилегов: Кога немаш свои проекти ќе мораш да коментираш за други

Талентираниот крушевчанец Стефо Јанкулоски, преку сопствени примери, денеска во својата колумна се обрати до поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, при што истакна: “Господинот Шилегов да беше активен во својот четиригодишен мандат колку што е активен со неосновани критики на социјалните мрежи последните неколку недели, можеби ќе беше добар градоначалник”-истакна Јанкулоски во неговата колумна.
Колку за потсетување, Јанкулоски е млад и способен генијалец, и креатор на многу конкретни политики во интерес на младите во нашата земја. Неговиот голем потенцијал беше согледан од сегашната локалната власт во Крушево, меѓутоа од непознати причини не беше директно признат од истата, меѓутоа за среќа, овој млад крушевчанец моментално работи во Скопје, каде придонесува кон креирање на конкретни-успешни политики, кои се од големо значење за градот Скопје, а со самото тоа и за останатите општини во нашата земја. Неговата колумна Ви ја пренесуваме целосно во прилог на оваа објава:
“Господинот Шилегов да беше активен во својот четиригодишен мандат колку што е активен со неосновани критики на социјалните мрежи последните неколку недели, можеби ќе беше добар градоначалник. Кога немаш свои проекти ќе мораш да коментираш за други. Да се потсетиме дека Петре е градоначалник кој ја продаде Градската куќа под пазарната цена, не направи нов луна парк, не ги направи тунелите под Кале, не го направи зиплајнот кој требаше да го поврзе Калето со Градски парк, не го ревитализира Езерото Треска, набави скала во вредност од 1.700.000 евра, а истата скала Загреб ја набави за дупло пониска цена, потроши 75.000 евра за нова веб-страна на Град Скопје која никогаш не профункционира како што треба и парите потрошени за старо виски и бифтек пржен на путер.
Единствено нешто што беше забележано од граѓаните во четиригодишното владеење на Петре е проектот кога кафаните низ Скопје даваа ваучери за такси за пијани гости.
Со ваквото нерационално трошење на пари, Петре ја загуби одлуката на домаќин и правото да критикува било кого за било што.
Петре денес докажа уште еднаш дека продолжува да го манипулира народот, ама баба лаже трап не лаже.
п.с Петре проверувај пред да се бламираш”-истакна Јанкулоски во својата колумна.
