ФК Победа успеа да земе бод од денешното гостување кај Брегалница во Штип
ФК Победа успеа да земе бод од денешното гостување кај Брегалница во Штип, а сето тоа благодарение на головите на Мазари и Дадет во второто полувреме, при што денешниот натпревар заврши со 2-2. Искрено, ако се направи една анализа може да се констатира дека во второто полувреме ФК Победа беше премногу мотивирана за да победи – како никогаш до сега, меѓутоа и овој резултат не е за потценување, зашто се гледа дека Победа конечно планира да се врати во вистинска форма.
Победа низ годините знаела да одигра добро и да освои бодови во Штип против еден од традционалните ривали во историјата на македонскиот фудбал. Во секој случај, денеска имавме меч во кој мора ФК Победа максимум ја оправда довербата пред паузата, во која клубот треба да се консолидира доколку сака напролет да избори опстанок во најквалитетната македонска фудбалска конкуренција.