Историска победа на ВМРО ДПМНЕ во Битола! Тони Коњановски е старо-новиот градоначалник во Битола

Сподели го ова:































Врз основа на официјалните информации од ДИК, Тони Коњановски и ВМРО-ДПМНЕ освоија 18813 гласа. Со тоа Коњановски победи во првиот круг од локалните избори за градоначалник на Битола. 

Габриела Илиевска од група избирачи освои  8003 гласа, Методија Куновски од СДСМ и колаицијата освои – 6118 гласови, Зоран Николовски од група избирачи освои – 680 гласа, Јорго Огненовски од Демократи освои – 558 гласови, Мирјана Мирчески од макдеонска ера трета освои – 268 гласови, Васко Деловски од група избирачи освои – 212 гласа  и Ќире Димов од ТМРО освои – 136 гласови. 

“Голема благодарност до сите битолчани за дадената доверба!

Вечерва Битола уште еднаш покажа зрелост, визија и јасна определба за континуитет, развој и сигурен напредок без кочници!

Граѓаните ја препознаа нашата работа, проекти и резултати во изминатите четири години. Обезбедивме мнозинство во Советот на Општина Битола, што значи стабилност, енергија и заедничка посветеност на секој проект што ја подобрува секојдневната слика на нашиот град.

Со оваа победа не завршуваме од утре продолжуваме уште посилно!

Ќе работиме со истата посветеност, искреност и одговорност како и досега, затоа што Битола го заслужува најдоброто.

Ќе продолжиме да ја градиме нашата Битола поубава, помодерна и поперспективна за сите генерации.

Благодарам на секој граѓанин кој веруваше, поддржа и гласаше за работа, резултати и напредок.

Оваа победа е ваша!” – порача Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави