И нив им треба храна! Денес на Пелистер се изврши процес на прихрана на дивите животни кои живеат во овој Национален Парк
ЈУ НП Пелистер денес изврши прихрана на дивечот на повеќе локации во рамки на паркот. Овие редовни мерки се со цел подобрување на условите за заштита и грижа на дивечеот за преживување во зимски услови.
На хранилки беше поставена следната храна:
сено
крупна сол и минерали
пченица
пченка
Активноста е дел од редовните мерки за заштита и одржување на биодиверзитетот и грижата за дивечот во Националниот парк


















