И небото плачеше заедно со битолчани! Вчера во Битола беше погребан Зоран Петковски

Сподели го ова:






























Викендов, битолчани со длабока тага и почит ја примија веста за прераната смрт на Зоран Петковски, советник во Советот на општина Битола, човек кој со својата посветеност, енергија и љубов кон спортот остави неизбришлива трага во спортскиот живот на Битола.

Неговата поддршка на спортските иницијативи и неговиот несебичен дух ќе останат запаметени како пример за вистински битолски патриот и спортски ентузијаст.

Зоран Петковски беше погребан вчера во 13:30 часот на гробиштата во Битола, а со него за последен пат се простија реки од народ, кои му оддадоа последна почит во капелата од црквата Св.Недела.

Почивај во мир голем човеку!




Сподели го ова:

Слични објави