И небото ќе плаче денеска во Прилеп! Точно на пладне, ќе бидат погребани таткото и синот кои беа убиени викендов во Прилеп
Врз основа на плакатите со жална вест кои се залепени во градот под Марковите Кули, денеска во Прилеп, точно на пладне ќе бидат погребани таткото и синот кои беа убиени викендов во Прилеп.
Како што информиравме во текот на вчерашниот ден, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 12-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил.
















