И денеска ќе се соочиме со нов топлотен бран, и температури над 40 степени
Топлотниот бран проследен со високи температури, продолжува и во наредните денови. Врз основа на информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе имаме сончево и многу топло време, проследено со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се движи од 33 до 41 степен.

Поради високите температури, активирана е фазата 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, а Владата за да ги заштити граѓаните донесе препораки за заштита на населението кои ќе траат до вторник, 8 јули.


















