Гулабоски одржа прва брифинг средба со нас новинарите од медиумите во нашиот град
Денес во просториите на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, директорот г-н Игор Гулабоски одржа прва брифинг средба со новинарите од медиумите во нашиот град. На истата се дискутираше за многу теми од ЈКП„Водовод и канализација”Прилеп каде од страна на директорот беа споделени аргументирани факти и бројки. Гулабоски, најмногу се задржа на актуелната тема, промена на цената за вода и зошто е тоа потребно и за јавното претпријатие, но и за град Прилеп.
ЈКП “Водовод и канализација”Прилеп со цел транспарентно и навремено информирање на граѓаните во иднина ќе практикува редовни средби со медиумите каде ќе споделува информации за плановите за развој и одржливост на јавното претпријатие.