ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАЈДОВСКИ: Жива е Македонија!

Сподели го ова:


























Битолската коњаница „Галоп“ која пред два дена тргна од пред Офицерскиот дом во Битола, денеска пристигна во с.Смилево каде што беше пречекана од градоначалникот на општина Демир Хисар-Никола Најдовски.

Најдовски, понесен од емоциите и горд на фактот што токму од демирхисарското Смилево била донесена одлуката за историската македонската борба и одлуката за почеток на Илинденското востание, срдечно ја пречека Битолската коњаница „Галоп“, и им посака добре дојде на комитите односно на 12-те храбри момчиња и двете девојки, кои со своите коњи овие денови ќе одјаваат пат долг 174 километри до историското Крушево.

Градоначалникот Најдовски се покажа како добар домаќин, при што во црквата св.Петар и Павле во Смилево, коњаницата ја пречека онака како што доликува, со патриотски песни и играорци од културно уметничко друштво.

Колку за потсетување, во 1903 година во славното Смилево, бил одржан Смилевскиот конгрес на кој што заседавале предводниците на македонското револуционерно движење. Во тоа време самите тие, имале пред себе тешка задача, а тоа е да донесат одлука дали македонскиот народ да се крене на востание. Покрај големиот број на полемики, сепак во историското Смилево е донесена одлуката на 2 Август да започне Илинденското востание.




Сподели го ова:

Слични објави