Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески оствари средба со претставниците на синдикалните организации и раководителите на ЈКП во Прилеп
Денеска градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески оствари средба со претставниците на синдикалните организации и раководителите на ЈКП во Прилеп, со цел да ги согледа информациите и законските можности по предлозите на ССМ и СУТКОЗ за зголемување на платата на работниците во јавниот сектор во Прилеп.
На средбата, тој, истакна дека е на страната на работниците и дека Локалната власт има разбирање за барањата и потребите на работниците од јавниот сектор, но се чека законска регулатива и правилник за остварување на оваа одлука.
И, преставниците на синдикалните организации на Јавните комунални претпријатија и раководителите по дебатирањето, заклучија дека за барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари потребна е правна регулатива, која засега не е остварена. Имено, Синдикатот бараше со ребалансот на Буџетот да бидат обезбедени средства за исплата на линеарното зголемување на платите согласно минималната плата и за тоа беше поднесен амандман во Собранието, кој не беше прифатен.
Тоа вчера во посета на Општина Прилеп му го посочи и претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски која оствари неформална средба со Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.