Во петок во градскиот парк во Битола ќе се одржи настанот „Училишна приказна“
Овој петок на 4 септември во градскиот парк во Битола како и ланската година, ќе се одржи настанот „Училишна приказна“, ден кога се слават првите училишни чекори, новите пријателства и големата желба за знаење.
Општина Битола и оваа година за секое прваче доделува парична помош од 3000 денари.


















