ПОПУСТИ ДО 70%: Прилепската чаршија Ве кани на „Prilep OUTLET Weekend“

Сподели го ова:


























Прилепската чаршија “на големо” се подготува за одржување на еден од најголемите шопинг настани  „Prilep OUTLET Weekend“. Настанот е  планиран на 17-ти и 18 февруари, а во истиот се вклучија над 200 продавници од прилепската чаршија. Станува збор за  бутици за облека и обувки, детски бутици, кафетерии, парфимерии продавници за бела техниика, а исто така се добредојдени и сите останати прилепски трговци и угостители.

Настанот е креиран со идеја Прилеп да претставува еден голем шопинг мол на отворено, каде купувачите од сите градови од Македонија, ќе имаат можност да имаат шопинг попусти до 70% -понудени од страна на трговците. Исто така, интересни забавни содржини ќе има во старата прилепска чаршија кај градскиот саат, а исто така е предвидено за најсреќните купувачи да има и вредни награди.

Оовј настан- „Prilep OUTLET Weekend“ е поддржан од Локалната Самоуправа на Општина Прилеп, а во интерес на посетителите и купувачите, градот ќе обезбедува паркинг простор за сите кои ќе пристигнат во Прилеп со своите автомобили за само 50 денари- дневен билет за паркинг.

Напомена: Сите случувања од настанот  ќе бидат објавувани на фан страната: https://www.facebook.com/profile.php?id=100089628293137

Со цел купувачите да знаат каде да пазарат, продавнците кои се дел од настанот ќе бидат обележани со посебен ознака -„мајмунче. „Знаменцето со „мајмунче на шопинг„ и постерот ќе ги красат прилепските продавници.




Сподели го ова:

Слични објави