Градоначалникот Јовчески утрово имаше работен состанок со претседателот на ЗЛРБП ,,Мојот редок свет” од Прилеп

Сподели го ова:
























Градоначалникот Јовчески утрово имаше работен состанок со Јасмина Стојковска која е претседател на ЗЛРБП ,,Мојот редок свет” -Прилеп. На состанокот се разговараше за одбележување на Меѓународниот ден на лицата со ретки болести-28 февруари. На оваа средба се разговараше за настанот во недела кој ќе го организира ЗЛРБП “Мојот Редок Свет”. Станува збор за настан кој ќе биде посветен токму на лицата со ретки болести и попречености.На состанокот се разговараше за настанот “Игралиште од соништата”-настан за подигнување на свеста за лицата со ретки болести, настан кој се одржува по осми пат, а е во организација на ЗЛРБП “МОЈОТ РЕДОК СВЕТ”-Прилеп.

“Денот го започнав со работен состанок со претседателот на ЗЛРБП ,,Мојот редок свет” од Прилеп, Јасминка Стојковска, со цел Локалната самоуправа да помогне во реализација и поддршка на настанот посветен на Меѓународниот ден на ретките болести кој што ќе се одржи на 27 февруари.Ретките се многу !Ретките се силни! Ретките се горди!”-истакна Градоначалникот Јовчески

Можно е да е слика од 2 луѓе и внатре



Сподели го ова:

Слични објави