Градоначалникот Јовчески и Претседателот на Советот Дејан Проданоски денеска беа дел од големата еколошка акција во организација на ЈКП „Комуналец“

Сподели го ова:


Со голема еколошка акција во организација на ЈКП „Комуналец“ заедно со Општина Прилеп, Градоначалникот Јовчески и Претседателот на Совет-Дејан Проданоски, денес беше одбележан Денот на пролетта и Денот на екологијата. По тој повод Градоначалникот Јовчески истакна: “Во изминатиов период бевме силно посветени на чистење на огромен број на депонии и на запуштени градски локации. Продолжуваме да делуваме и понатаму континуирано во секојдневна координација со ЈКП „Комуналец“. Сите основни училишта денес се посветени на чистење на нивните училници и дворови. Одлучивме да ставиме акцент на засадување дрвца на повеќе локации со што ја подигнуваме свеста кај граѓанитe за зачувување на животната средина. Го посетивме основното училиште „КочоРацин“ каде што засадивме дрвја од видот туи, потоа засадивме дрвја во паркот во населбата Точила и на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, овде засадивме 50 бадемови дрвја, со што уште повеќе сакаме да придонесиме во разубавувањето на овој прекрасен храм”-истакна Градоначалникот Јовчески.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат, дрво и надвор
Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 8 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, надвор и дрво
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 2 луѓе, надвор и дрво




Сподели го ова:

Слични објави