Градежната оператива на Општина Битола повторно е во полн ек – започнат е нов бран на проекти
Со подобрувањето на временските услови, градежната оператива на Општина Битола повторно е во полн ек и започнуваме нов бран на проекти кои носат подобра инфраструктура, подобри услови за децата и поквалитетен живот за граѓаните.
Завршен проект: Реконструирана е детската градинка „Росица“ во село Бистрица, со што најмладите добиваат многу подобри и побезбедни услови за престој и развој.
Започнати нови проекти:
Започна изградбата на ново спортско игралиште во населбата „Стрелиште“, нов простор за спорт, рекреација и дружење на младите.
Започна изградбата на училишната спортска сала во ОУ „Стив Наумов“, значајна инвестиција за учениците и за развојот на училишниот спорт.
Започна реконструкцијата на улици во с.Братиндол, подобра инфраструктура и подобри услови за секојдневниот живот на жителите.
Општина Битола не ветува, туку работи. Со јасна визија, посветеност, создаваме нови вредности и ја правиме Битола модерна – истакнаа од Општина Битола.


















