Голем интерес кај прилепчани за учество во големата Еко-мисија која ќе биде оваа сабота

Сподели го ова:





























Почитувани сограѓани,
Општина Прилеп, во соработка со ЈКП „Комуналец“, сите Јавни претпријатија, образовни институции и голем дел на општествено одговорни компании, Ве поканува да бидете дел од еко-акцијата:

 „Еко мисија – твојот потпис за природата“ 

 Датум: сабота, 15 ноември

 Време на поаѓање: 8:30 часот

 Место на собирање: пред НУЦК „Марко Цепенков“

Обезбедени се ќеси, заштитни ракавици и организиран е превоз, потребна е само добра волја!

Ќе се чисти на многу локации но трите клучни точки каде што во сабота ќе се насочиме и каде што отпадот и дивите депонии се најзастапени се: делот кон Вештачкото езеро, излетничкото место кај с. Селце и околу месноста Волково!

Сите граѓани се добредојдени да се приклучат и заедно да придонесеме за почист и поубав Прилеп!

Ве очекуваме во сабота, на 15 ноември, да го исчистиме Прилеп и да не создаваме отпад! – порачуваат од Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави