Четири прилепски улици денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето заради навремена санација на дефекти

Водоснабдувањето на ден 10.11.2022 (четврток) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 265л/с, од кои 225/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.
Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:
– ул. Богомилска
– ул.Спиро Црне
– ул. Никола Тесла
– ул. В. Јанкулоски – Стариот
– н.м. Загорани


















