ДАЛИ ЛОШОТО ДОПРВА ДОАЃА: Зголемување на инфлацијата и помал економски раст предвидува Народната банка
Народната банка предвидува зголемување на инфлацијата и помал економски раст врз основа на направената надолна ревизија на априлските проекции.
Есенските проекции на централната банка јасно покажуваат дека оваа година точно би ја завршиле со инфлација од 14,3 %, додека пак наредната 2023 година се очекува постепено забавување на ниво од 8 до 9%.
Ризиците за проекциите се оценуваат како изразено надолни и се поврзани со надворешното опкружување особено со текот на војната во Украина и импликациите на глобалните пазари врз примарните производи и врз растот на европската економија. Овој неизвесен глобален контекст уште повеќе ја потенцира потребата за водење на прудентни домашни политики, истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска на вчерашната прес-конференција.


















