|

„ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ ОВАА САБОТА ВО ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР

Сподели го ова:























Оваа сабота 06.05.2023 година со почеток од 12.00 часот во театарот “Војдан Чернодрински” ќе се одигра претставата „Пипи долгиот чорап“ од Астрид Линдгрен. Истата е во режија на Кристина Димитрова, додека пак драматизацијата на популарниот текст е на Ивана Нелковска.

Претставата е самостоен проект на театарот „Војдан Чернодрински“, а во истата играат: Ангела Наумоска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески и Михајло Миленкоски. Сценографијата е дело на Бојана А. Трпческа во соработка со Петко Ристески,  костимите ги изработи Христијан Нашуловски, додека пак музиката е дело на Томе Темелкоски.

Влезници на телефонскиот број: 076 442 378



Сподели го ова:

Слични објави