Државната секретарка во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова, изминатиот викенд уживаше во музичката уметност на Плетњов

Сподели го ова:






























Изминатиот викенд во тишината на црквата „Св. Софија“, Михаил Плетњов ги исплете нотите во бескрајна нишка на емоции – нежни, страсни, возвишени. Секоја мелодија носеше печат на мајстор што раскажува низ музиката. Државната секретарка во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова, уживаше во извонредната музичка уметност на Плетњов.

Публиката не ракоплескаше само за виртуозноста. Ракоплескаше за моментот што ќе остане врежан во спомените, музика што не се слуша, туку се чувствува.

✨ Благодариме, маестро Плетњов! – порачаа од Охридско лето.




Сподели го ова:

Слични објави