ДОКАЖАНИ КАДРИ: Еве кои се новите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада
Во прилог ви ги претставуваме петте кадровски решенија на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат дел од техничката влада.
На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, долгогодишен познат адвокат.
Цветан Трипуновски е предложен за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ѓоко Велковски е нов предлог за кандидат за министер за труд и социјална политика.
За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена Елена Петрова, дипломиран економист со над 25 годишно работно искуство во Управата за јавни приходи.
За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество ќе биде предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата, како и советник во Советот на Град Скопје.