ДЕТСКА РАДОСТ: Во ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп слатките првачиња го означија почетокот на новата учебна година

Сподели го ова:





























Денеска во ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп започна новата 2026/2027 година, со целосна подготвеност за непречено одвивање на наставниот процес.

Исто така, во училиштето имаше и свечен прием на првачиња, кои ги поздрави директорката на училиштето Јулијана Тренкоска, како и Претседателката на Совет, Билјана Кржеска.

За учениците, нема подобра алтернатива од настава во училница, бидејќи само така ќе стекнат поквалитетни знаења, а интеракцијата со врсниците и со наставниците е од големо значење за нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој.

Учебната година во ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп започна со надеж за остварување на високи образовни резултати како од страна на наставниците, така и од страна на учениците. 




Сподели го ова:

Слични објави