Погледнете! “Fan Production by ZORAN PILOVSKI” “ги оживеа” илинденците преку одлично видео со помош на современата технологија

Сподели го ова:





























Мајсторот за филм и филмска магија, прилепчанецот Зоки Пиловски и неговата “Fan Production by ZORAN PILOVSKI”, “ги оживеа” илинденците преку одлично видео со помош на современата технологија. Ова не се само фотографии. Ова се сведоштва за едно време исполнето со надеж, храброст и саможртва. Лицата што ги гледаме не се ликови од минатото. Тие се луѓето што сонуваа за слободна иднина.
На 2 август 1903 година, Македонија го испиша едно од најсветлите поглавја во својата историја.
Денес, 123 години подоцна, со почит се поклонуваме пред нивната жртва и го чуваме споменот што нè обединува.

Слава им на илинденците.
Нека нивната храброст живее засекогаш.
Фотографијата е парче светлина заробено во минатото.
Илинденското востание го оживеавме преку тоа парче светлина што нашите предци го оставиле во фотографиите. Тоа е нашиот аманет – да ја продолжиме нивната традиција.
Ова е најмалку што можевме да направиме.

Во прилог, погледнете го ова одлично видео:




Сподели го ова:

Слични објави