Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

Сподели го ова:


Во текот на вчерашниот ден (16.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 116 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. .





Сподели го ова:

Слични објави