Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди
Денеска ќе имаме променливо облачно време проследеносо сончеви периоди, при што веќе кон крајот на денот во северозападните делови се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои на планините ќе прераснат во снег. Максималната температура ќе го достигне 9-тиот степен.
Во сабота, недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h), при што температурата ќе биде во опаѓање. Во сите овие три дена ќе има повремени локални врнежи од снег.















