Во Битола трибина на тема „Етиологија, дијагноза, третман на деца со аутизам“

Сподели го ова:





























Денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски заедно со заменик градоначалничката и советнци од Советот на Општина Битола, присуствуваа на отворената трибина на тема „Етиологија, дијагноза, третман на деца со аутизам“, организирана од Здружрнието на деца и млади со посебни потреби и нивните родители „Невроразлични“ Битола.

„Денес сме собрани со една заедничка цел – да зборуваме за аутизмот со разбирање, почит и одговорност. Аутизмот не е болест, туку различен начин на доживување на светот. Тоа е дел од човечката различност што не учи на трпеливост, прифаќање и емпатија.

Лицата со аутистичен спектар имаат свои уникатни способности, таленти и потенцијали. Нашата задача како општество не е да ги менуваме нив, туку да ја промениме средината, да ја направиме поинклузивна, поразбирлива и поддржувачка.

Поддршката на семејствата, раната интервенција, образованието и социјалната вклученост се клучни чекори кон подобар квалитет на живот за лицата со аутизам.

Но, најважно од се е прифаќањето – прифаќањето дека различноста не е слабост, туку вредност. Да бидеме глас за оние кои потешко се изразуваат, да бидеме поддршка таму каде што е најпотребна и да градиме општество во кое секој има место и можност“.

На трибината на која присуствуваа и медицински лица од регионот имавме можност да го проследиме и излагањето на д-р Наги Момени од Шведска, истражувач во областа на биомедицинските науки и иноватор на нов крвен биомаркер.

Здружението е формирано минатата година од три мајки на деца со посебни потреби, прилично младо здружение, но со голема цел, да се создаде заедница во која различноста не се гледа како недостаток, туку како дел од човечката разновидност” -порача Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави