Денеска е второто пријавување за упис во средните училишта – слободни се над 11 000 места
Оние ученици кои во првиот јунски рок оваа година не се запишаа во средно образование од учебната 2026/2027, ќе може да аплицираат на второто пријавување кое е денес, вторник, 23 јуни. Процесот на аплицирање е по електронски пат, при што наредниот ден, 24 јуни, во училиштата ќе се доставува потребната документација.
Ранг-листа со резултати од запишувањето -врз основа на роковите од Конкурсот на МОН, треба да биде објавена на 25 јуни до 12 часот на јавно место во училиштето, како и на web страница на училиштето.
















