Дечињата од прилепските градинки настапија на “Весели Ѕвончиња by JANA” – најпопуларниот фестивал кој е прогласен за МОДЕРЕН – ДЕТСКИ, СВЕТСКИ БРЕНД!!!

Сподели го ова:


























И дечињата од прилепските градинки настапија со нова, компонирана песна од Гоце Балада на шестото издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели ѕвончиња by JANA” -Прилеп 2024 година.

Прекрасна глетка имаше на НАЈПОПУЛАРНИОТ ПРИЛЕПСКИ ФЕСТИВАЛ КОЈ ШТО МОЖЕ ДА СОБЕРЕ ПРИБЛИЖНО 2500 ПОСЕТИТЕЛИ ВО НУЦК “МАРКО ЦЕПЕНКОВ” ВО ПРИЛЕП.

Искрено, во Прилеп постојат и други фестивали и мали хорчиња, меѓутоа ваков рекорд до сега има направено само Гоце Балада и прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно единствениот фестивал во нашата земја кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!!!

На фестивалот настапија учесници од повеќе градови од нашата земја на возраст 4 до 14 години, а како и секоја година – најмногу учесници имаше од градот под Марковите Кули.Фестивалските претстави за дечињата од училиштата и градинките се одржуваа од 10 до 13 часот (двата фестивалски дена) додека пак вечерната фестивалска претстава беше вечерта на 19 април. На вечерната фестивалска претстава покрај другите учесници, со новокомпонирана песна од Гоце Илиески-Балада настапија дечињата од највозрасната група од прилепските градинки “Наша иднина”, кои ПРЕМИЕРНО на овој фестивал настапија со песната “Градинке, градинке”, песна која од сега ќе биде химната на градинките во Прилеп.

Автор на музиката и текстот на оваа песна е на Гоце Балада, човекот кој што две години по ред е прогласен од страна на АКАДЕМИК за најкреативна личност во нашата земја во областа на музиката, културата и маркетингот. Што се однесува пак до аранжманот за оваа детска песна, истиот е дело на Рубин Димкоски од групата Меморија. Уметничкиот директор на фестивал Гоце Балада, упатува голема благодарност до директорката на прилепските градинки Христина Трпческа, која секогаш е отворена за соработка, посебно кога се работи за квалитетни детски проекти.




Сподели го ова:

Слични објави