ДАНИЕЛА И АВТО КОНТРОЛ, ПРОДОЛЖУВААТ ДА ЧЕКОРАТ ПО ПАТОТ НА ЉУПЧЕ: Направија уште едно хумано дело!

Сподели го ова:


























Хуманите дела на неодамна починатиот Љупче Перканоски, кој беше човекот со ангелски лик и ангелска хумана душа, продолжуваат и понатаму преку неговата сопруга Даниела Перканоска и Авто Контрол, кои направија уште едно хумано дело! Овој пат, донираа спортска опрема за фудбалерчињата од генерацијата 2014 во фудбалската школа “Перак”.

По тој повод, тренерот на фудбалската школа Зоран Димоски, упати огромна благодарност за донацијата при што нагласи дека оваа опрема за нив претставува огромна помош, пред настапот на овие млади прилепски таленти на Меѓународениот турнир во Сараево.




Сподели го ова:

Слични објави