Уживајте во овој убав саботен сончев ден-од вторник промена на времето

Сподели го ова:


























Денеска ќе имаме сончево, топло време со прилично високи темератури, а исто така ќе дува слаб до умерен, повремено засилен јужен ветер. Во однос на темературите минималната температура денеска ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Како што истакнуваат од УХМР од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, при што во западните делови повремено ќе дува засилен југозападен ветер. Меѓутоа, веќе во вторник се очекуваат пообилни врнежи кои што како резултат на заладувањето на планините и на некои повисоки места, ќе бидат од снег. Уживајте во овој убав саботен сончев ден!




Сподели го ова:

Слични објави