Чонески: Заедно градиме општество во кое различностите се почитуваат, а можностите се достапни за секого
Меѓународниот ден на лицата со попреченост беше одбележан и во Општина Крушево, со повеќе активности. Во рамките на одбележувањето на 3-ти Декември, крушевскиот градоначалник Нико Чонески, истакна дека ќе се заложи за севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост на територијата на општина Крушево, и остварување и заштита на нивните општествени, социјални и економски права.

“3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ја истакнува нашата заедничка обврска и одговорност да создадеме општество во кое секој човек ќе може да живее достоинствено, рамноправно и со целосна поддршка. Заедно градиме општество во кое различностите се почитуваат, а можностите се достапни за секого” – порача Чонески.


















