Во духот на традицијата, денеска прилепските бакали го одбележаа „Денот на Бакалите“

Сподели го ова:


























Денес во црквата Св. Благовештение беше одбележан празникот Светите Три Светители (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов), познат уште како „Денот на Бакалите“. Со литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. Прилепскиот еснаф ја претставува душата на нашата прилепска чаршија.

“Во духот на традицијата која што во Прилеп потекнува уште од 1954 година, денес го одбележавме патрониот празник на бакалите со заедничка дружба. Прилепските дуќанџии и трговци секогаш ќе ја имаат потребната поддршка и помош од нас како Локална самоуправа на општина Прилеп. Нека е за многу години!” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави