Честитки! Марјан Стојкоски – Мантата е избран за потпреседател на ФФМ
По завршувањето на Вонредното изборно Собрание на ФФМ, каде што Масар Омерагиќ беше избран за нов претседател на ФФМ, беше одржана и седница на Управниот Одбор, на која се донесе одлука прилепчанецот Марјан Стојкоски – Манта да биде потпреседател на ФФМ.

Прилепчанецот Стојкоски е многу познат во фудбалската јавност, а на времето беше фудбалер, потоа успешен фудбалски работник, како и член на УО на Фудбалската федерација на Македонија.

















