Честитки! Цели 65 години од основањето на Економскиот факултет во Прилеп!
Денес во Прилеп беше одбележан јубилејот на една од најважните образовни институции во градот, Економскиот факултет при УКЛО.
Веќе повеќе од шест децении, факултетот е столб на образованието, науката и општествениот развој, создавајќи генерации врвни економисти, експерти и лидери кои оставиле трага во стопанството, јавниот сектор и општеството во целина.

“Како Општина Прилеп, со особена гордост веќе трета година по ред доделуваме по 20 стипендии за студентите од прва година на Економскиот факултет. Со оваа поддршка сакаме да покажеме дека веруваме во младите и во нивниот потенцијал, тие се иднината на Прилеп и на Македонија. Драги студенти, вложувајте љубов, знаење и упорност во своето образование. Вашите вештини и енергија се неопходни за заедничкиот напредок и развој –

На факултетот и сите негови вработени им посакувам уште многу години исполнети со нови успеси и горди генерации студенти.
Честит 65-годишен јубилеј на Економскиот факултет Прилеп!” – порача Јовчески.

















