МИЦКОСКИ: Вработувањата во државните институции не се атрактивни за младите

Сподели го ова:


























Мислам дека треба да се зголемат капацитетите затоа што во минатото продукцијата на вести и активности било 10 пати помала од денеска и можеби било полесно да се работи и да се испорачува нешто кое што е во согласност со Законот за употреба на јазиците. Законот мора да се почитува, но треба да се зголемат капацитетите и во фаза сме на вработување на луѓе кои 10 пати поголемата активност на министерствата апсолутно ќе ја испорачуваат до медиумите – порача Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на двата договори за државна помош со компанијата „Бреинчајлд“.

За жал, нема интерес за таа плата што е во моментот и овде во Владата и во институциите. Тоа претставува сериозен проблем и не е атрактивно за младите, но ќе продолжиме да бараме се додека не го испорачаме тоа што им е потребно на граѓаните без разлика на етничката припадност, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Се надеваме дека наскоро ќе се доекипираме и дека се ќе биде како што треба да биде – порача премиерот Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави