БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ! 10 новороденчиња во прилепската градска болница!
Вистинска убавина пристигна во прилепската градска билница, каде моментално во одделението за гинекологија и акушерство се води грижа за 10 новороденчиња.
“Добар ден од најмалите пациенти
Пријатен и убав ден Ви посакуваат најмалите пациенти сместени на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.
Овие неколку фотографии се само потврда дека нашето одделение работи со полн капацитет!
Во моментов на нашето одделение водиме грижа за 10 новороденчиња.
Ним и на нивните најблиски им посакуваме само убавини!” порачаа од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.