БЕШЕ НАСТАН ЗА ПАМЕТЕЊЕ: На денешен ден во 90-тите години, повторно се постави крстот на врвот од “прилепската Саат кула”
Некои настани од минатиот период, остануваат длабоки врежани во нашето сеќавање, и не потсетуваат на едно убаво време каде мирисот на старта прилепска чаршија беше помешан со есенскиот мирис, кој што е секогаш препознатлив во овој временски период во градот под Марковите Кули. Така беше и тогаш… Беше Крстовден… И старо и младо бевме собрани на свеченото – повторно поставување на крстот на врвот од “прилепската Саат кула”.
Спомени, навистина убави спомени, на кои не потсети и нашиот сограѓанин Жикица Петрески, кој што на неговиот Facebook профил пред неколку години, објави слики од повторното поставување на светиот крст на врвот од Саат кулата. Колку за потсетување, Петрески беше еден од повеќето прилепчани и компании кои собраа донации за да повторно се постави крстот на врвот од “прилепската Саат кула”.
Напомена: Сликата за оваа објава, е превземена од Facebook профилот на нашиот сограѓанин Жикица Петрески.