Авион на војската на Србија, кружеше над Прилеп
Авион кој што е во сопственост на војската на Србија, кружел над Прилеп и тоа скоро еден час, а сето ова го покажува апликацијата „Flightradar24“. Станува збор за апликација на која се следат авионските летови ширум светот.
Врз основа на податоците, авионот бил од моделот „Аirbus C2952“, кој што направил десетина круга на небото над дел од прилепските села, како и над градот под Марковите Кули.