Асфалтирана е и третата улица од проектот за подобрување на патната инфраструктура во Општина Могила
Посветеноста и трудот, кои секојдневно ги вложува Општина Могила даваат резултати. Асфалтирана е и третата улица од проектот за подобрување на патната инфраструктура во Општина Могила. Станува збор за асфалтирање на улица покрај реката Шемница во с.Могила.
Нема повеќе кал на улицата на брегот на река Шемница каде се собираат голем број верници на големиот христијански празник Водици. Очигледно е дека во Општина Могила секојдневно се гради, па како резултат на тоа, општината се менува кон подобро!