6000 ученици во Прилеп ќе добијат нови училишни униформи!
Од наредната учебна 2025/26 година, 6000 ученици од прво до деветто одделение во 10 основни училишта во Општина Прилеп, ќе добијат нови училишни униформи, кои што ќе ги обезбеди Локалната самоуправа на општина Прилеп!

Со овој проект, Локалната самоуправа уште еднаш докажува дека се грижи за квалитетот на образовниот процес и создавање подобри услови за нашите деца.Во иднина, ќе продолжиме со реализирање на вакви и слични проекти, насочени кон поддршка и унапредување на образованието во нашата општина. Заедно за подобро образование! – порачуваат од Општина Прилеп.


















