33 годишна жена измамена од гатачка – ѝ го “собрала” златниот накит

Сподели го ова:
























На 09.05.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Штип, 33-годишна жена од Штип пријавила дека на 26.04.2024 околу 15 часот во дворот од семејната куќа во Штип била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, лицето ѝ ветило дека ќе ѝ растури магија, а за возврат побарала златен накит во врзопче од крпа, но под услов да не го отвора врзопчето.

По неколку дена откако ја отворила крпата забележала дека го нема златниот накит и сфатила дека е измамена. Се работи на расчистување на случајот – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави