СТАНИЦА.МК ПРВА ОБЈАВУВА: Ова се изведувачите на годинешниот “Пиво Фестивал”

Сподели го ова:





























Како што соопштивме претходно, годинешното издание на “Пиво Фестивал – 2025” ќе се одржи од 18 до 20 јули во Прилеп. Градот под Марковите Кули речиси е подготвен за годинешно издание на пивскиот фестивал на скарата и пивото.

Се прават последните подготовки, за да ова лето градот официјално ги пречека и првите гости. Во однос на музичките ѕведи кои ќе настапат на годинешниот пивски фестивал во Прилеп, организацијата на фестивалот постави анкета: Кој изведувач/ бенд би сакале да настапи на Пиво Фестивалот 2025?

Врз основа на одговорите, најголем број гласови имаше за Никола Роквиќ, Битолскиот камерен оркестар (заедно со Наде Талеска, Андријана Јаневска и Ристо Самарџиев) како и Харис Џиновиќ – па врз основа на тоа, ова се главните музички ѕвезди на годинешниот пивски фестивал. Во однос на дополнителните изведувачи, за брзо време организаторот ќе ги објави нивните имиња преку официјално соопштение.




Сподели го ова:

Слични објави