ВИДЕО – Министерот Љутков од Прилеп соопшти убава вест: Проектот за целосна реконструкција на театарот “Војдан Чернодрински” е подготвен – и ќе го реализираме

Сподели го ова:





























Како што информиравме во претходните наши објави, во Прилеп свечено се крена завесата на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“- најзначајната театарска манифестација во Македонија. Шест децении Прилеп е дом на македонската театарска уметност, место каде што се слават креативноста, талентот и културните вредности што нѐ обединуваат.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, синоќа имаше свое обраќање пред присутната публика од каде испрати моќна порака дека театарот живее, обединува и инспирира, а воедно порача дека Прилеп добива нов театар!

И додека се водеа битки, и додека се бараа други признанија, институции како ова беа оставени да стареат, да пропаѓаат и да чекаат некои подобри времина. Е тоа време завршува денес! Проектот за целосна реконструкција на театарот “Војдан Чернодрински” е подготвен – и ќе го реализираме. И не како политичко ветување, туку како долг кон генерациите уметници кои ја создаваа историјата на овој театар, и кон генерациите кои допрва ќе ја создаваат неговата иднина” – порача министерот Љутков.




Сподели го ова:

Слични објави