Наместо честитка за Новата година, шест жени добиле “ќотек” од своите партнери
Ужас! Билтенот на МВР е преполн со инциденти каде што МВР истакнува дека на новогодишната ноќ настрадале многу сопруги, девојки и поранешни партнерки од Свети Николе, Скопје, Гостивар и Куманово… Станува збор за бивши партнери, сопрузи или пак дечковци, кои со “ќотек” сакале да си ги задоволат своите комплекси??
41 годишна жена утрово пријавила дека на 31 декември околу 23 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т.
М.К. (20) од Куманово пријавила дека пред угостителски објект на подрачјето на Карпош била физички нападната од И.Г. (22) од Скопје.
Полицајци од Карпош го привеле Б.М.Ѓ. (37) од Скопје, поради тоа што на 31 декември ја нападнал неговата 36- годишна поранешна вонбрачна партнерка.
Во СВР Скопје, 39- годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во населбата Илинден била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Н. (38) од Скопје.
15 минути пред полноќ било пријавено дека во Свети Николе во домот С.И. (26) од Свети Николе физички ја нападнал неговата 27- годишна сопруга.