Интересот е огромен! Голем број на прилепчани ќе скокаат по чесниот крст во осветените води за Водици во Аква Паркот “Салида”
Како што известивме пред некој ден, и оваа година во Прилеп фрлањето на светиот крст за Водици ќе биде во „Салида Аква Парк”. По повод христијанскиот празник Богојавление (Водици), чинот на големиот Богојавленски водосвет и фрлањето на Светиот Крст ќе се извршат во водите на базенот при хотелот „Салида“ (Аквапарк), на 19 јануари (понеделник), со почеток во 12:00 часот.
Уште од вчера, голем број на прилепчани се пријавија за учество на Водици во приемното одделение во Општина Прилеп, каде се врши процесот на пријавување на сите оние прилепчани кои ќе скокаат по Светиот крст во осветените води на Аква Парк “Салида”.
Колку за напомена, пријавувањето е веќе започнато и трае до оваа среда до 15 часот, а за да се пријавите потребна ви е само ваша лична карта.


















