Во Прилеп “тепачка за билети” за новогодишната театарска претстава за деца “Пипи Дoлгиот Чорап и Дедо Мраз”
“Весел театар” во НУЦК Марко Цепенков ќе приреди уште една незаборавна претстава за најмладите во Прилеп. Станува збор за ПРЕМИЕРАТА на интерактивната театарска претстава за деца “Пипи Долгиот чорап и Дедо Мраз”, надополнета со новокомпонирани театарски песни за деца кои се специјално направени за оваа претстава. На крајот од претставата следува сликање со театарските ликови…









