ЈП Паркинзи-Битола со тужба за „Поинаку“ доколку не се извинат за навредите и клеветите на социјалната мрежа Фејсбук
Битолски паркинзи излезе со соопштение во кое се вели: “Повеќе пати ЈППЈЛП Битола било цел на “аполитичните” самопрогласени спасители на градот кои се здружени под име Здружение за граѓански развој „Поинаку“ Битола. Согласно основната култура сме ги игнорирале неоснованите и недолични напади со верба и надеж дека „аполитичните“ ќе се вразумат и ќе ја сфатат тежината на јавно искажаниот збор, односно одговорноста…









