ЈКП „Водовод“ Битола успешно ја заврши реконструкцијата на водоводната линија на улицата „Даме Груев“ (крак 1, 2 и 3) во населбата Мал Париз
Во рамки на зафатот, старата мрежа е заменета со нова полиетиленска линија во должина од 634 метри, а изведени се и 68 нови приклучоци за домаќинствата. Придобивки: Поголема сигурност во водоснабдувањето и зголемена ефикасност на системот. Цел: Намалување на загубите на вода и елиминирање на честите дефекти. Инвестициите во градската инфраструктура продолжуваат според предвидената динамика…









