Денес ЗОО – Битола им посака добредојде на нивните најнови жители – прекрасни малечки срнчиња
Денес ЗОО – Битола им посака добредојде на нивните најнови жители – прекрасни малечки срнчиња. Големиот татко елен, препознатлив по своите впечатливи рогови гордо ги покажува своите малечки на нашите вработени и посетители. Грижливата мајка кошута, нежно и внимателно го следи секој чекор на своите младенчиња. А бебенцата срни, уште сега знаат само за игра…









