Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка меѓу нашата земја и Република Полска

Сподели го ова:





























Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2022/23 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (“Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists”). Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2022/23 година, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно за научно-истражувачка пракса и за едно-семестрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Република Полска.Почнувајќи од академската 2022/23 година NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+. Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на веб страницата на Министерството за образование. Апликацијата заедно со потребните документи треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука најкасно до 15 април 2022 година.




Сподели го ова:

Слични објави